Реакција

Коце Трајановски е против проектот Брз автобуски превоз во Скопје на неговиот наследник, Петре Шилегов

Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски смета дека новиот проект на актуелниот градоначалник Петре Шилегов, наречен Брз автобуски превоз БРТ (Bus rapid transit) e сосема несоодветен за Скопје и опасен за патниците. Трајановски смета дека не е направена добра анализа за исплатливоста, ефектот и безбедноста.

Еве што на својот фејсбук-профил објави Трајановски за најновиот проект на Шилегов:  

„Откако во 2017 година Шилегов ја презема власта на сомнителните избори, се изнаслушавме ветувања и во предизборието и во секоја наредна година. Ветувањата беа за дневно политичка употреба, па така од ветување за трaмвај излезе, трамвај на струја, па трaмвај на гуми (трамвај без шини – инаку тоа се вика тролејбус), па трамвај на водород, па трамвај на гас, па нарачаа прокект за ‘Автобуско метро’ и стигнавме до Брз автобуски превоз.

Но кога смислувате лаги набрзина се случува да ги заборавите основните постулати, а тоа е исплатливоста, ефектот и безбедноста на граѓаните и сета лага да ја вклопите во постоечката инфраструктура. Но, да одиме по ред, зошто на Скопје не му треба ваква екскурзија наречена БРТ.

Проектот кој е замислен да се протега од Лисиче до Ѓорче Петров ќе го уништи средишното зеленило на булеварите Видое Смилевски Бато, Јане Сандаски, Кузман Јосифовски-Питу, Кочо Рацин и Партизански одреди.

Патниците треба да поминуваат три ленти за да стигнат до автобускта постојка или при излегување од автобусот да го поминат булеварот, а не како сега директно од автобусот да се најдат на пешачка зона. Со ова за двојно се загрозува безбедноста. Треба да има пешачки натпатници, што е многу скапо и нема да ги користат.

Дали знаете дека главната водоводна цевка со дијаметар од Ф 1.600 мм од која со вода се снабдуваат општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром , Гази Баба, Кисела Вода, Драчево, Зелениково и Студеничани е градена 1967-1968 со заварени челични цевки и се наоѓа на 2 метри длабочина во средишната зона на булеварот Пертизански одреди така што и најмали осцилации може да имаат фатални последици. Средишната зелена површина претставува заштитна зона на вододната цевка.

Главното образложение на власта е дека ќе го скрати патувањето за двојно од сегашното што е апсолутна невистина и не постојат никакви сообраќајни пресметки како би се извело истото. Времето на патување е од излегување од дома до стигнување на крајната дестинација (работно место, трговски центри... ), а не само времето поминато во автобусот БРТ.

Ќе се намали бројот на автобуски станици, па така да наместо на 500 метри ќе бидат на близу еден километар со што ќе се одвраќаат патниците да го користат БРТ.

На трасата нема да сообраќаат други автобуси освен БРТ што  ќе значи дека патниците ќе имаат сигурно по минимум едно прекачување во друг автобус со што ќе се зголеми времето на патувањето.

Град Скопје има многу мала траса од само 12 километри која е неисплатлива и ќе нема ефект. Брз автобуски превоз прават милионски градови каде трасата е долга мининум 50 км или пак во помали градови каде се користи во одредени временски интервали на одредени релации како дополна на трамвајскиот превоз.

Доколку се сака забрзување на сообраќајот со истите финасиски средства би се изградила подземната сообраќајница од Влада до Комплекс банки која ќе го скрати патувањто за половина час и во авотобускиот и во автомобилскиот превоз од Аеродром до Карпош т.е исток - запад и обратно.

Втора рута за која се оставени проекти во градот е подземната сообраќајница позади Рамстор со иновативни кружи текови на две нивоа која комплетно го решава проблемот со сообраќајот од насока Карпош – Кисела Вода и обратно.

Изградбата на подземни сообраќајници и забрзување на сообраќајот значително го намалува загадувањето и времето на патување, додека кај  БРТ се форсира само автобускиот превоз, а се успорува или останува непромент автомобилскиот и велосипедскиот сообраќај.

Со изградба на подземните сообраќајници автомобилскиот сообраќај во централното градско подрачје би се намалил за минимум 50 %, а со тоа се зголемува просторот за пешачки зони и велосипедски сообраќај.

БРТ е авантура од 70 милиони евра  + камати, нешто кое Скопје и скопјани не треба да си го дозволат зошто тоа ќе предизвика долгогодишни сообраќајни, безбедносни и финансиски проблеми“, смета поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе