Ќе стане ли конечно бетонската грдосија среде Водно детско одморалиште?

Со одлука на Владата наскоро ќе се продава старата бетонска зграда на Водно, која требаше да биде детско одморалиште за деца од цела Македонија. Недоизградениот објект повеќе од 20 години е само бетонска грдосија изградена среде Водно, на 900 метри надморска височина.

Овој и слични на овој објект-детски одморалишта се во надлежност на Министерството за труд и социјална работа.

Владата вчера реши неколку вакви објекти во цела Македонија да ги продаде по цена од 50 илјади до 400 илјади евра. И новите сопственици овие објекти ќе треба да ги користат како детски одморалишта.

Се продава детското одморалиште „Ѓуриште“ во Светиниколско, одморалиштата „Суви Лаки“ и „Малешево“ во Берово, одморалиштето „Николиќ“ во Дојран и „Пелистер“ во Битола. Целта на оваа владина одлука е интензивирање на туризмот и збогатување на понудата.

Продажбата на овие одморалишта ќе почне за петнаесетина дена на јавна електронска аукција за отуѓување на имот. 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе