Ќе се поставува парно, привремен сообраќаен режим на дел од скопскиот булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Поради изведба на градежни работи за поставување на вреловод од денеска ќе биде воведен времен режим на сообраќај на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов", во близина на паркот Македонија во општина Карпош.

Како што информира градот Скопје, времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните активности што ќе ги реализира Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје.

„Во месец септември, времена сообраќајна измена на режимот, ќе има и на мал дел од улицата „Јуриј Гагарин“, каде што ќе се изведува прекоп за поврзување на вреловодната мрежа. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот“, се додава во соопштението на скопските градски власти. 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе