Веста ја објави првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби на официјалниот Фејсбук профил.
„Со овој чекор на Владата и Општина Чаир, нашите граѓани ќе можат да ги паркираат своите автомобили во овој многу фреквентен дел од Скопје, без да ги попречуваат или блокираат јавните простори.
Оваа одлука на владата, Општина Чаир треба да ја спроведе согласно Одлуката за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за Општина Чаир, донесена од страна на Владата“, напиша Груби.