УТРЕ

Карпошовци иницираат нов протест и блокирање на „Партизанска“: Стоп за новите ДУП-ови!

Жители од Карпош здружени преку иницијативите „Ние сме Карпош 4“, „Зелено Тафталиџе“ и друг локални граѓани сметаат дека е неопходно уште еднаш да се алармара за, како што велат, самоволието на локалната самоуправа на општината Карпош. Сметаат дека општинарите на нетранспарентен начин и со негрижа за интересот на граѓаните се обидуваат да интервенира во урбанистичкиот план, а во интерес на профитерскиот урбанизам.

Својот револт карпошовци ќе го артикулираат преку настан „Марш за зелен Карпош“ кој ќе биде со протестен дух и ќе се осврне на прашањата за зачувување на животната средина и граѓанското учество во одлуките на општината.

Протестниот собир ќе започне утре по 18 часот, со блокирање на раскрсницата на „Партизанска“ кај трговскиот центар „Сити Мол“, а потоа поворката по извесно време ќе се упати кон паркот на улицата „Букурешка“ во населбата Тафталиџе 1. За овој парк велат дека е под закана за уништување со изградба на зграда, па на лице место ќе се одржи отворена дискусија.

Од иницијативите ги посочуваат и барањата до градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за кој велат е нарачател на планот, и Советот на Општината, како орган кој ги носи одлуките за усвојување на деталните урбанистички планови.

„Прво - стопирање на новите ДУП-ови (ДУП - Детален урбанистички план) за општина Карпош. Второ - спречување реализација на дел од ДУП за Градска четврт З 06, опфат помеѓу бул. Партизански одреди, ул. Московска, бул. Македонија и бул. 8ми Септември, поточно за ГП 5.44, со кој на местото на паркот на Букурешка ќе изникне зграда. Трето - суштинско интегрирање на граѓаните во одлуките кои влијаат на нивните секојдневни животи“, соопштуваат од иницијативите од Карпош.

Карпошовци велат дека во овие политички околности е важно да не се заборави дека граѓаните мораат да останат будни.

„Мораме активно да се залагаме за учество во одлуките на општината и да ја примораме да работи во наш интерес. Карпош кој ние го знаеме ќе престане да постои доколку не се избориме за зеленилото, за чистиот воздух, за јавниот простор. Карпош е на граѓаните, а не на инвеститорите! За будни граѓани! За Зелен Карпош!“, стои во соопштението за утрешниот настан. 

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе