АЛАРМ ПРОТИВ ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ И ПАРКИНЗИ ВРЗ ЗЕЛЕНИЛО

Карпош 4 порачува: Не ни го паркирај паркот!

Не запираат незадоволството и револтот на карпошовци против идејата за измената на Деталниот урбанистички план во Карпош 4. Локалните граѓани се повеќе се здружуваат, праќаат соопштенија и алармираат дека со предлог ДУП-от, кој за десетина дена би се изгласал на седница на Советот на Карпош, на местото на повеќе паркови и продавници ќе се подигнат паркинзи и станбени згради со деловни простории.

Според соопштенијата на локалните жители, ќе се градат објекти и подземни и надземни  паркинзи со што би се уништиле повеќе паркови со дрвја стари и до 50 години. Би се градело крај улицата „Волвоградска“, пред просторот на ОУ „Петар Поп Арсов“, голем паркинг на местото на парк позади низот на улицата „Вич“, големи два паркинга на паркови и игралишта за деца спроти „Сити Мол“ и спроти сала „Партизан“... Сметаат на овој начин драстично ќе се наруши урбанистичкиот концепт на Карпош 4, и квалитетот на животот воопшто.

Затоа, на социјалните мрежи интензивно се организираат активности. Оформена е групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош 4“. Секој помага кој колку може. Постојано се разгледуваат правните и легални аспекти за развивање на иницијативата, а истовремено и за проширување на петицијата. Дел од граѓаните принтаат документи, се прават планови како полесно да се дистрибуираат флаери и мапи со потенцијалните објекти низ населбата, се бара начин како да се опфатат повеќе сандачиња, како побрзо и подетално да се информираат соседите од Карпош 4.

Мапата што ја направија граѓаните со локациите за новите градби

„За десетина дена ќе се гласа нов детален урбанистички план за Карпош 4. Ќе изчезнат тревни површини и ќе се сечат дрвјата низ најубавата населба во Скопје. Ќе го одземат нашето зеленило и без тоа да го имаме побарано од нив, ќе го заменат со бетонско сивило од нови згради и мноштво паркинзи. И воздухот дополнително ќе се влоши. Вашите деца и внуци наместо да играат меѓу дрвја, ќе трчаат меѓу автомобили. Погледнете ги планираните измени на другиот лист и доколку не се согласувате – реагирајте! Приклучете се кон мноштво ваши соседи кои нема да дозволат урбана катастрофа. Заедно ќе го запреме ова лудило! Очекувајте нѐ и на вашата врата за потпис на петиција“, стои во соопштението кое се шири низ населбата Карпош 4.

Освен што собираат потписи, карпошовци секој ден одржуваат и редовни собири кај училиштето „Петар Поп Арсов“. И таму се развива позитивна дискусија. Иницијативата нема лидери, нема хиерархија, па секој локален граѓанин може да се дава идеи, насоки, конструктивни мисли за следните активности. Сето со цел да се конкретизираат и реализираат  барањата, а со тоа и да се спречат измените во ДУП-от и да се спасат на јавните зелени површини.  

Здружените карпошовци решија своите барања и иницијативи да ги адресираат и преку е-мејл адресите на членовите на Советот на општина Карпош. Aкцијата се вика „Карпош порачува – Не ни го паркирај паркот!“. Во името на жителите на Карпош 4, кои велат со своите демократски алатки придонесоа да бидат избрани советниците и ги назначија секојдневно да ги заштитуваат нивните интереси, меѓу другото, ги повикуваат членовите од Советот будно и објективно да ја следат реакцијата на гласачите од населбата по однос на предлог измените во ДУП.
 
„Чујте ги нашите повици за одбивање на предлог ДУП-от и повикајте не на јавна, транспарентна и конструктивна дебата. Трезвено да размислувате за вашите политички кариери кои ги запечатувате со поддршката на ваквите измени во ДУП-от по интерес само на ситно профитерство. Размислете убаво за децата кои треба да пораснат во здрава и чиста средина неоптоварени од бетон и прашина. Истите тие деца треба да останат во Македонија за да имате вие државните службеници извор на приходи, инаку ќе останете без буџет и без плати. Размислете убаво и на тоа каква порака им давате на вашите сопствени деца и сите други поколенија поврзани со вас. Сакате да се срамат што ве имаат во  семејството или да се гордеат со вас? Зошто парите не ги прават децата горди, горди се децата на родителите кои имаат чиста и мирна совест“, стои во едно од соопштенијата кои граѓаните почнаа да ги праќаат до советниците.

Исто така, бараат од членовите на Советот да не бидат безгласни, да ја искористат нивната моќ и да застанат на страната на нивните соседи и пријатели. Како што велат, „автомобилите, бетонот и ситниот екстра кеш нема да ве прават среќни во иднина!“.

„Не се кријте зад соопштенија и зад политичарите кои навидум ’владеат’. Не заборавајте, сите сме заедно и во општината и во населбите и во градот. Нема кај да се криете и нема како да се одбраните ако го погазите своето ветување да бидете претставници на граѓаните во општината. Прочитајте ги нашите соопштенија, посетете ги нашите состаноци и средби, бидете дел од решението,  а не дел од проблемот“, се обраќаат карпошовци до избраните советници.

Населбата Карпош 4

Истовремено, ги советуваат да побараат од градоначалникот Јакимовски да се позанимава и со ѓубриштата, осветлувањето, разни акции, градинките, игралиштата, зелените површини, просторите за велосипеди... а откако ќе се решат ваквите проблеми, потоа да зборуваат за бројот на паркинг места.

„За крај не заборавајте, законите се носат исклучиво во интерес на населението. Не може со законот да се загрози добробитот на ниту еден жител на ниту една општина. Ако бројот на паркинзи што е законски пропишан е клучниот аргумент на Градоначалникот за сечење на нашите паркчиња, отворете му ги очите, викнете урбанист, излезете на терен и предложете решение кое не само што ќе ги заштити туку и ќе ги зголеми зелените површини“, стои во обраќањето на локалните жители до советниците.

Општина Карпош за овој проблем веќе се огласи преку својот сајт. Таму стои дека ДУП-от се носи исклучиво по барања на граѓаните, потребно им е да ја исполнат законската обврска за бројот на паркинзите, но тврдат ова не значело дека ќе се одзема зеленило. Денеска со краток одговор дека нема да се зема зеленило  преку социјалните мрежи се појави и градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски:

Локалните жителите не отстапуваат од своите барања. Најавуваат нови собири, јавни дискусии, собирање потписи, притисок врз локалната самоуправа, проширување на иницијативата се додека општината не излезе со конечна намера да се повлече овој предлог ДУП, со што сметаат ќе покаже и докаже дека нема да се уништуваат јавните и зелени површини.


Бојан Шашевски

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе