Апел

Караџовска: Не сакам инвалидска количка, сакам протези, пратете ме во Холандија!

Снежана Караџовска пред три години во тешка сообраќајна несреќа во Турција ги изгуби двете нозе. Исто толку години трае нејзиниот обид да ги убеди од Фондот за здравство дека за неа има можност да добие протези за да функционира нормално, а не инвалидска количка како што упорно ја убедуваат од фондот.

Нејзиниот апел го пренесуваме во целост:

„Денес три години по сообраќајната несреќа, иако полна со надеж, но уште повеќе мотивација, од кога било досега, се чувствувам тотално дискриминирана од државата.

Јас одговорно тврдам дека институциите кои досега требаше одамна да ме пратат во Холандија, ако го почитуваа конзилијарното мислење од тројца доктори, директор на ортопедија и директор на клиника, не знаат што прават, затоа што досега не предвиделе дека некој, како на пример ЈАС без две нозе над колена, ќе сака (ќе биде толку упорен) да оди со протези.

Сите останати седат во количка.

Имам чувство дека Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Министерство за здравство во мојот случај единствено нешто што прават е да изнајдат решенија како да не ме решат. За нив лице со попреченост е и она што оди со протези и она што седи во количка. Оттука доаѓа констатацијата, зошто мора да се менуваат законите, да се прават измени во правилници, кога и така и така јас за нив ќе бидам лице со попреченост.

Тоа дека таа операција, протези и рехабилитација и ќе ми овозможат да можам сама да се грижам, за нив е луксуз. Многу од нив не знаат, не сакаат да знаат или баш им е гајле за „мене“?

Безобразно болно е на лице со попреченост (кое до сега требаше да оди со протези) да му се одбие конзилијарното мислење за лекување во странство со „изговор“ дека не се исцрпени сите можности и дека сѐ уште ништо нема што да се понуди.

Уште побезобразно е да ги криете докторите што го напишале тоа. Од кого ги криете, од пациент? Па ние ви ги доверуваме нашите животи, каде забегавте? Кои сте вие?

Алооо „другари", јас протестирав за малата Тамара против одлуката на Фонд за здравствено осигурување. И вие сега станавте нивна испостава.

Операцијата е презакажана за октомври по петти пат, земете ги парите што се собрани од донација како што правите и со другите, додајте ги останатите средства и пратете ме во Холандија.

Се гледаме наскоро! НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР!“

Караџовска од Скопје, настрада во тешка сообраќајна несреќа во Турција при судир на туристички автобус од Македонија и турски камион. Таа веќе подолго време  апелира за да може да направи операција во болницата АОЕФ во Утрехт, Холандија. Таа живее во Скопје на трети кат, без лифт во стан во кој нема пристап до балкон. „Секое мое излегување од дома е нова траума. Потребно е двајца кои ќе ме носат по скали, сопругот, ќерката или комшиите. Мојата борба е голема, но не и невозможна“, напиша претходно Караџовска. 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе