ГРАД СКОПЈЕ

Кампања за промоција на правата на потрошувачите

Денеска официјално ќе започне кампањата за промоција на правата на потрошувачите, која ќе се одржи во организација на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје во соработка со Организација на потрошувачите на Македонија.

На промоцијата во ТЦ „Сити Мол” ќе се делат едукативни летоци на потрошувачите под мотото „Сите сме потрошувачи”, изработени од Советот на потрошувачи на Град Скопје и Организацијата на потрошувачите на Македонија ОПМ .

Настанот ќе го отвори Претседателот на Советот на Град Скопје,  Ирена Мишева, а ќе се обрата и претседателот на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, Марјан Додовски и претседателот на ОПМ,  Маријана Лончар Велкова, соопштија од Град Скопје.

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе