Камерите по македонските патишта служат само за украс

Во соседна Србија од август годинава се применува нов софтвер за контрола и безбедност на сообраќајот. Според написите во српските медиуми и според карактеристиките на она што македонската јавност го дознава од случајот „Софтвер“ во кој е обвинет Драги Рашковски, поранешниот генереален секретар на Владата, се работи за многу слични системи за безбедност во сообраќајот.

Даниел Станчев, сопственикот на фирмата „Инвока груп", која е дел од случајот „Софтвер“, вели дека тие го продале својот систем на Владата, а дали таа потоа го понудила некаде, не знае.

Управата за сообраќајна полиција при Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во соработка со ЈП „Патишта Србија“ од август го подобри системот за мерење просечна брзина на сите автопати.

Софтверот на Рашковски, ако беше ставен во употреба, велат од „Инвока груп“, ќе можеше да се мери просечната брзина на неограничен број на делници низ државата, но и да детектира дали возачите поминуваат на црвено, дали добро се престројуваат, дали возат регистрирана или украдена кола, дали претекнуваат на полна линија, користат или не сигурносен појас и дали користат мобилен телефон додека возат. Исто така предвидено е да детектира каде има гужви во сообраќајот и да алармира во мониторинг центарот.

Безбедноста во сообраќајот е најважна, велат од Управата за сообраќајна полиција на Србија по ставањето во функција на новиот систем.

Според последните извештаи на македонското Министерството за внатрешни работи бројот на жртви од сообраќајни несреќи се намалува, но бројката од 125 жртви во 2020 година е загрижувачка.

МВР тврди дека намалениот број на жртви од сообраќајни несреќи се должи на редовни контроли, користење рачни радари... Сепак бројката во просек е речиси двојно поголема од европскиот просек.

Сите досегашни обиди и во Скопје да се воведе таков систем и покрај тоа што се потрошени милиони евра – камерите по скопските и македонските автопатишта скужат само како предупредување и ништо друго.

                                                                                                                                            А.Д.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе