Утре, поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, велат од ЈСП и наведуваат дека исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.
„Од четврток јавниот превоз ќе продолжи да функционира по редуциран зимски возен ред, со оглед на одлуката за продолжување на училишниот зимски распуст.
Ваквиот режим на функционирање на јавниот превоз ќе важи до завршување на распустот“, соопшти ЈСП.