Виртуелниот билет нуди низа поволности, меѓу кои основните, за електронско купување и валидирање на билет, а располага и со алатки (возен ред, мапа на постојки, рута на планирање и друго) кои во голема мера го олеснуваат користењето на јавниот превоз, велат од ЈСП.
Во изминативе неколку месеци апликацијата ги минала сите фази на тестирање и очекувањата на ЈСП се дека нејзините корисници нема да се соочат со проблеми од техничка природа, а во спротивно можат да пријават проблем на [email protected].
„Ја создадовме аликацијата водејќи се со паролата 'Биди во чекор со дигиталниот свет', а како уште една дополнителна поволност за побрзо и поквалитетно користење на услугите на јавниот превоз во градот“, пишува во соопштението.
Од ЈСП додаваат дека и натаму корисниците на јавниот превоз билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска", со опцијата Mobipay (мобилно плаќање), а може да се купи и хартиен билет во билетарниците на ЈСП Скопје.