ЈСП: Линијата 21 со изменет возен ред

ЈСП Скопје информира дека од денеска, петок 15.03.2019 година, линијата 21 (Транспортен центар-Бардовци) ќе има измени во возниот ред во вечерните часови, при што в петок и во сабота, досегашниот термин 22.50 часот, се поместува во 23.05 часот.

Во случајов, ЈСП Скопје го исполнува барањето на жителите од Бардовци кои официјално поднесоа иницијатива автобусот на посочената линија да сообраќа подоцна за време на викендите.

ЈСП Скопје ја донесе одлуката по направените анализи на терен во соработка со Град Скопје, процедура која е неопходна при било какви измени на утврдениот единствен возен ред.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе