Поради состојбите со коронавирусот

ЈСП ја продолжи важноста на бесплатните студентски годишни билети

ЈСП Скопје ги информира корисниците на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз дека рокот за продолжување на важноста на билетот ќе трае до крајот на февруари месец 2021 година.

„ЈСП Скопје излезе во пресрет на барањето на УСС (Универзитетско студентско собрание) при УКИМ, кое побара продолжување на рокот со оглед на актуелната ситуација со ковид-19, која на значителен број студенти на одредени факултети предизвикува потешкотии при обезбедување на потребната документација за продолжување на важноста на билетот", велат од претпријатието.

ЈСП Скопје апелира до сите студенти, корисници на билетот за бесплатно користење на јавен превоз, навремено да ја обезбедат потребната документација, како би го испочитувале дадениот продолжен рок за продолжување на важноста на билетот.

Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.

Важноста на билетот се продолжува секоја учебна година, при што на студентите кои првпат запишуваат прва година и обезбедуваат (вадат) бесплатен билет, неговата важност автоматски е до крајот на наредната календарска година. Останатите студенти, важноста на билетот ја продолжуваат со потврда за редовен студент и заверен зимски семестар.

„ЈСП Скопје поради ковид-19, а токму со цел да се избегнат поголеми групирања, гужви на локациите каде се продолжува важноста на студентскиот и друг тип билети, овозможи продолжувањето да започне речиси два месеца порано од вообичаеното. Продолжувањето на важноста на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП", се вели во соопштението.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе