ЈСП го суспендира возачот кој претепа патник

ЈСП Скопје информира дека изготвено е решение за суспензија на возачот кој вчера нападнал патник во автобус на линијата 24.

„ЈСП веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот.

Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место“, соопшти ЈСП.

Од МВР потврдуваат дека синоќа во полициската станица Карпош било пријавено дека возач на автобус на ЈСП број 24, по претходно недоразбирање, физички нападнал патник во автобусот и дека работат на расчистување на случајот. Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Скопје за Плусинфо.

Претходно А1.он објави сведоци на настанот изјавиле дека патникот кој патувал заедно со својата бремена сопруга, побарал од возачот да го вклучи клима-уредот во возилото, кога тој го сторил тоа, возачот видно изнервиран започнал кавга со патникот.

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе