ЈСП дозволи кучиња помошници на лица со попреченост да влегуваат во автобус

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче придружник и да им дозволи непречено користење на услугите, односно да дозволи влез на кучињата придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата.

Одлуката, како што соопштија од ЈСП, е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности.

Од ЈСП апелираат и до останатите јавни институции, маркети, кина, театри, трговски центри, да донесат соодветна одлука, а со тоа автоматски да се вклучат во подигнување на јавната свест за отворени врати и слободен пристап на кучињата придружници на лицата со хендикеп.

Од претпријатието исто така ги повикуваат сите граѓани, корисници на нивните услуги да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник, бидејќи тие кучиња се безопасни по околината и се специјално дресирани со намена за придружба и движење на посочената категорија лица.

 

 

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе