ЈСП: Бесплатните ученички билети нема да важат за време на летниот распуст

ЈСП Скопје информира дека поради завршувањето на учебната година 2018/2019, бесплатните билети за учениците нема да важат за време на летниот распуст. Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни.

ЈСП Скопје за време на летниот распуст нуди можност основците и средношколците, освен оние кои сега завршуваат четврта година, по повластени цени да купат месечен билет за јули и август по цена од 600 денари месечно.

За купување т.н. сезонски билет за ученици, како што соопшти ЈСП Скопје, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави книшка на увид.

Бесплатните студентски билети ќе важат и за време на летото.

Инаку, од понеделник, 10.јуни, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по летен возен ред.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе