ЈП Водовод исклучува диви приклучоци во Сарај

Денеска ЈП „Водовод и Канализација - Скопје" заедно со комунални инспектори од град Скопје спроведуваат акција за исклучување на диви приклучоци на територијата на општина Сарај.

Покрај многубројните апели за разумно и рационалното користење на водата во периоди на високи температури како и информациите за зголемена потрошувачка на водата упатени до граѓаните, ЈП „Водовод и Канализација - Скопје“ регистрираше голем број на диви приклучоци кои дополнително ја оптеретуваат мрежата и вршат злоупотреба на истата. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, сѐ до целосно нормализирање на состојбата.

Повторно апелираме за разумно користење на водата од страна на сите граѓани на целата територија на град Скопје, соопшти ЈП „Водовод и канализација - Скопје“..

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе