ЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје e безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна и нејзиниот квалитет одговара со Правилникот за барања за безбедност и квалитет, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација".

Оттаму денеска соопштија дека во периодот од 20 до 24 овој месец земени се 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа од 45 мерни места во Скопје и оти сите примероци се исправни.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, велат од „Водовод и канализација“.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе