Од 2 ноември до 15 декември

ЈП Водовод и канализација-Скопје со нова акција за плаќање на долгови без камата

Со цел исполнување на потребите на своите корисници и по успешно спроведената акција во јули, ЈП Водовод и канализација-Скопје одлучи да спроведе уште една акција за исплата на заостанатите долгови без камата за задоцнето плаќање којашто ќе трае од 02.11.2020 до 15.12.2020. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

„ЈП Водовод и канализација-Скопје, имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пандемијата, повторно излегува во пресрет на потребите на граѓаните. Секој работен ден од 8 до 14 часот, граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

 Процесот за наплата во ЈП Водовод и канализација-Скопје ќе се одвива непречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита“, се наведува во соопштението од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе