JП Водовод и канализација - Скопје ја постави првата автоматска решетка за отпад

Дел од активностите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се насочени и во заштитата на животната средина и да се намали загадувањето на водите кои се влеваат во реката Вардар. За таа цел вчера е поставена првата автоматска решетка за отпад во фекалната пумпена станица во општина Аеродром - Горно Лисиче.

Оваа решетка ќе го задржува крупниот отпад кој е присутен во фекалните води, а со тоа ќе ги штити и пумпите од оштетување. На овој начин ќе се намалат и отпадоците кои досега биле присутни во отпадните води кои се влеваат во реката Вардар, а воедно ќе помогнат и да се намали оптоварувањето на реката од покрупниот отпад.

Поставувањето на автоматската решетка е дел од активностите кои ги преземаме како претпријатие за заштита на животната средина на градот Скопје. Поставувањето на оваа решетка директно ќе влијае во намалувањето на поголемиот отпад кој што се влева во реката Вардар преку отпадните води, и истата ќе придонесе за намалено загадување на реката“, велат од претпријатието.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе