ЈП Водовод и канализација-Скопје: Акцијата за наплата на долговите на рати без камата завршува на 31 јули

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, е со определен временски рок и завршува на 31 јули, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

„Досега 370 корисници ја искористија можноста за склучување на договори за исплата на долговите на рати без камата. Вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е околу 24.000.000 денари“, пишува во соопштението од јавното претпријатие. 

Оттаму ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање, бидејќи по истекот на овој период, одлуката преставува да важи.

Од ЈП Водовод и канализација, поради ситуацијата со коронавирусот, исто така повикуваат на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на Претпријатието при посетите на корисниците за склучување на договорите, односно задолжително носење на маски, одржување на растојание од 2 метри и дезинфекција на рацете. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе