ЈП Водовод и канализација: Лажна вест е дека водата од изворот Рашче е загадена

Лажна вест е дека водата од изворот Рашче е загадена, велат од ЈП Водовод и канализација, откако на социјалните мрежи се проширија гласини дека директно бил загрозен изворот.

„Лажна вест е дека водата од изворот Рашче е загадена. На локалитетот нема нешто што би истекло и директно би го загрозило изворот. Постројките кои ги третираат подземните води се чисти и во одлична состојба и истите постојано се следат од наша, а и од страна на надлежни институции”, се вели во реакцијата на јавното претпријатие.

ЈП Водовод и канализација – Скопје додава дека секојдневно врши анализи на водата на 38 локации на територијата на градот Скопје.

„Граѓаните на градот Скопје пијат најчиста и најквалитетна вода за пиење. Инаку ширењето на лажни вести според КЗ член 288, став 1, е кривично дело за кое е предвидена казна затвор до пет години”, се наведува во реакцијата на ЈП Водовод и канализација.

 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе