„Имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пандемијата, ЈП Водовод и канализација - Скопје повторно излегува во пресрет на потребите на граѓаните. Секој работен ден од 8 до 14 часот, граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот“, се вели во соопштението од ЈП Водовод и канализација.
Процесот за наплата, како што додаваат се одвива непречено со почитување на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на корона вирусот.