„Последиците од климатските промени стануваат дел од нашето секојдневие. Високите температури кои достигнуваат и до 40°C придонесуваат за енормно зголемување на потрошувачката на водата и намалена издашност на изворот Рашче.
Апелираме граѓаните да се воздржат од полнење базени, наводнување на поголеми зелени површини, полевање на ниви и бавчи со водата од градскиот водоснабдителен систем, со едниствена цел нормално водоснабдување во секој дел од градот Скопје“, соопштија од ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Оттаму ги повикуваат сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, истите да ги пријават на еден од следните контакти:
02 073 010, Дежурно Информативен Центар;
02 3240 300, Дирекција
www.facebook.com/jpvodovod.skopje