ЈП ПОЦ: Мобилна апликација за паркинг услиги за корисниците и жителите на општина Центар

Директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар(ПОЦ), Саша Богдановиќ, на денешната конференција за медиуми ја претстави мобилната апликација за паркинг услиги за корисниците и жителите на Општина Центар.

„Следејќи ги глобалните трендови во технологијата, во насока на задоволување на современите потреби на корисниците на паркиралиштата кои се под ингеренции на Општина Центар, ЈП Паркинзи на Општина Центар разви и ја стави во употреба апликацијата за мобилни уреди – ПОЦ“, изјави директорот Саша Богдановиќ.

„Мобилната апликација овозможува брзо и едноставно добивање на сите потребни информации во врска со паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, статус на корисничките договори, плаќање на паркинг услуги со СМС, купување на припејд дневна паркинг карта, најава на гости, плаќање на дневна паркинг карта со електронски картички, известувања и новитети“.

Апликацијата е достапна за Андроид (Android)и иОС(iOS) платформите. Сè што треба да се направи е да се симне апликаијата на ПОЦ со кириличен фонт од Google play или од App store, во зависност од тоа кој оперативен систем го користите. За сите дополнителни информации околу апликацијата граѓаните можат да се информираат на интернет страницата на ЈП Паркинзи на Општина Центар www.poc.mk и во контакт центарот на телефонскиот број 072 251 251, велат од ЈП Паркинзи на Општина Центар

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе