ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе постават вендинг машини за рециклирање шишиња

ЈП ПОЦ и Општина Центар во 2020 година ќе го воведат светскиот тренд во рециклирањето – повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња со цел да ги мотивираат жителите да се вклучат во овој процес, најавија денеска директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. 

До крајот на 2020 година ќе бидат поставени 27 повратни вендинг машини кои локациски ќе бидат распределени низ целата територија на општина Центар. 

„Веќе се набавени 9 машини од планираните 27 и ќе започнеме со нивно поставување на почетокот на месец март. На овој проект работиме повеќе од една година и сметам дека ќе има големо влијание не само на развојот на нашето претпријатие, туку и за подигање на свеста кај граѓаните од потребата за рециклирање“, рече Кичевски. 

Сите жители кои ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад ќе добијат субвенции од општината во замена за пластични и стаклени шишиња односно за секое шише ќе добијат одреден прилив на пари на новата платежна картичка „Green Pay Card“ со која ќе имаат можност да купуваат со попуст во одредени маркети, продавници, локали и сл, или да плаќаат за услугите кои ги нуди претпријатието. 

„За овој проект Општина Центар има предвидено субвенции во буџетот за 2020 година и за секое рециклирано шише се обезбедени 1,5 денари, а воедно обезбедени се и средства за останатите 18 повратни вендинг машини. Се надевам дека овој позитивен пример ќе биде еден почеток во кој понатаму ќе се вклучат и другите општини, институции, како и приватни компании, сè со цел Општината, Градот и Република Северна Македонија да ги направиме поубаво место за живеење“, изјави Богдановиќ.

На средбата со новинарите беше најавена и новата мобилна апликација на ЈП ПОЦ која е планирано да биде пуштена во употреба до крајот на месецот. 

„Направивме надоградба на веќе постојната апликација и сега граѓаните ќе можат електронски да ги користат сите наши услуги и преку самата апликација“, рече Кичевски и додаде дека новата мобилна апликација, исто така, ќе им овозможи на жителите на општина Центар да ги пријавуваат сите комунални проблеми. Следејќи ги светските трендови во паркинг индустријата, ЈП ПОЦ ќе воведе и мрежен систем за автоматска наплата за отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува со цел да се зголеми контролата и безбедноста на паркиралиштата. Овој мрежен систем вклучува АНПР камери (камери за автоматско препознавање на регистарски таблички), сензори и мобилни АНПР камери кои ќе овозможат точна идентификација на возилата и ефикасна контрола и управување со пристапот од сите влезови на паркиралиштата. 

„Колку за илустрација, според првичните проценки на територија на општина Центар ќе бидат поставени отприлика 1500 камери во рок од 3 до 4 години. Овој проект значи врзување на цела мрежа од камери со што буквално ќе го имаме Центар на дланка. За жал, поради законските нормативи, ЈП ПОЦ нема да може да чува снимки од камерите, но се надеваме дека по воспоставување на мрежата, сите релевантни институции ќе се вклучат во проектот и со тоа ќе можеме безбедноста во централното градско подрачје да ја кренеме на едно сосема ново ниво.“ објасни директорот на ЈП ПОЦ.

Освен капиталните инвестиции, директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар ги претстави и едукативните проекти и кампањи кои ќе бидат реализирани во 2020 година. 

ЈП ПОЦ и Општина Центар, од денеска, започнуваат со нова кампања за подигање на јавната свест „Центар не е паркинг!“ која преку емотивни видеа ќе апелира до граѓаните да ги остават своите автомобили и повеќе да ги користат алтернативните превозни средства со што ќе придонесат многу во решавање на проблемот со паркирањето во општина Центар, намалување на загадувањето на животната средина и овозможување на хумано живеење во центарот на градот.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе