ЈП Паркинзи на општина Центар целосно се дигитализира

Денеска ЈП Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) ја пушти во употреба новата веб платформа со која сите услуги на претпријатието стануваат достапни и по електронски пат.

Следејќи ги глобалните технолошки трендови, а во насока на подобрување на достапноста и олеснување на користењето на паркиралиштата кои се под ингеренции на општина Центар, ПОЦ целосно се дигитализира, овозможувајќи им на корисниците брзо, лесно и едноставно користење на нивните услуги. 

„ЈП ПОЦ е првото јавно претпријатие во земјата, воопшто, кое целосно се дигитализира. Отсега граѓаните нема повеќе да мораат да доаѓаат во просториите на претпријатието бидејќи сите услуги ќе им бидат достапни со само еден клик, од било кој уред, на било кое место и во секое време. Дополнително, на новата веб платформа преку чат, граѓаните ќе можат да бидат во постојана, 24-часовна, комуникација со наш вработен и во секое време да ги адресираат своите прашања, жалби, барања... И секако, она што е особено важно да истакнам е дека новата веб страница поседува вградена заштита од неавторизиран пристап кон податоците од посебен интерес, што значи, ги задоволува највисоките стандарди за заштита на податоците на нашите корисници“, изјави Васко Кичевски, директор на ЈП Паркинзи на општина Центар.

Веќе од денеска сите корисници по креирање на личен профил на веб страницата на ЈП ПОЦ ќе можат по електронски пат да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронска наплата за истите и да изберат како опција договорот и/или картичката, во промотивниот период, бесплатно да им бидат испорачани на домашна адреса. Регистрираните корисници ќе добиваат смс и е-маил нотификации како потсетник за истекување на корисничкиот договор, 30, 15 и 1 ден пред истекот на договорот.

Во низата е-услуги преку новата веб платформа, корисниците ќе можат да плаќаат дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да вршат проверка на состојба на М-карта со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и наплата на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман.

 

„Пред сé би сакал да изразам задоволство од резулататите од истражувањето на јавното мислење за работењето на ЈП ПОЦ на која повеќе од 60% позитивно ја оценија работата на претпријатието. Тоа за нас е доказ дека сме на вистинскиот пат и мотивација повеќе да продолжиме да работиме во интерес на граѓаните. Допполнително, ме радува фактот што високи 75% од испитаниците изразија задоволство од претстојната дигитализација на услугите, што покажува дека граѓаните ги препознаваат придобивките од истата и позитивно ги оценуваат нашите заложби за воведување новини во работењето. Со дигитализацијата на услугите на ЈП ПОЦ сакаме да покажеме дека сме подготвени да одговориме на предизвиците на новото време, да го следиме трендот на дигиталната ера и на граѓаните да им понудиме платформа за брз и едноставен пристап до сите услуги кои ги нуди претпријатието“, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе