ВМРО-ДПМНЕ против СДСМ и ДС - кои се привилегираните политичари и новинари кои имале бесплатни пропусници за Градски паркинг во Скопје

Дали е ослободен од плаќање за Градски паркинг и Агим, зад чие име стои името на Артан Груби? Кој е на списокот на привилегирани политичари на СДСМ и ДУИ, новинари и граѓани составен од Борче Јакимовски, директорот на претпријатието Градски паркинг кој е член на Демократски сојуз? Ова е темата која денеска ја отвори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, а на која веднаш реагираа коалициските партнери СДСМ и ДС. Сепак од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека наскоро ќе го објават списокот на привилегирани кои со години не плаќаат за паркинг во Скопје.    

„Преку ЈП Градски паркинг со години паркинг не плаќале функционери на СДСМ и ДУИ, ако продолжат да молчат ќе ги објавиме регистарските таблички. ЈП Градски паркинг со години било претворено во партиски штаб на Демократски сојуз, од каде обезбедувале привилегии во вид на службени возила, телефони и простории за луѓе блиски до нив. Директори, министри, функционери и разни раководни кадри од власта со години паркирале бесплатно низ Скопје, со што користеле привилегирана позиција во однос на граѓаните кои плаќале паркинг и со свој џеб ги финансирале овие партиски кадри и функционери.

Борче Јакимовски,член на претседателството на ДС на Павле Трајанов, треба да каже дали со години од плаќање за паркинг ослободувал функционери на СДСМ и ДУИ? Дали од плаќање паркинг биле ослободени возилата на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов, поранешниот директор на водовод Душко Вескоски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, па и поранешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин, како и други функционери од СДСМ. Доколку поранешниот директор Борче Јакимовски, ДС и СДСМ молчат јавно ќе ги објавиме регистарските таблички на функционерите кои биле ослободени од плаќање на паркинг, а за нив плаќале граѓаните“, изјави денеска Стоилковски.

На ова најпрво реагираше Зоран Димитровски, генералниот секретар на Демократскиот сојуз кој рече дека се изнесени дрски лаги и конструкции заработењето на претпријатието Градски паркинг.

„Повеќе од еден месец, Демократскиот сојуз и други партии од владејачката коалиција се предмет на неосновани напади од Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ. Демократскиот сојуз ги демантира и со индигнација ги отфрла сите напади, дека на кој било начин, кој било од Демократскиот сојуз, кој извршува функција, е вклучен во криминал. Овие напади од ВМРО-ДПМНЕ ги сметаме како обид за уцена да не бидеме и натаму дел од парламентарното мнозинство. Досега никој не добил гратис карта за паркирање, ниту пак за бесплатно паркирање. Списоци нема, тие се конструкции и фалсификати на актуелниот директор, за што ќе следи кривична тужба. Претпријатието работи согласно законите и одлуките на градоначалникот и Советот на Град Скопје“, рече Димитровски.

Од СДСМ исто така велат дека за тоа како работеле претпријатието Градски паркинг говори фактот дека ова претпријатие 2021 година ја завршило со вишок средства односно профит од над 27 милиони денари.

„Наместо да се зафатат со работа, Арсовска и градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ измислуваат конструкции, ги партизираат општините, трошат народни пари на чоколади и дејствуваат на штета на интересите на граѓаните“, реагираа од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ само повторија дека списоците на привелигираните политичари и новинари ги добиле од „свиркач“ и дека наскоро ќе ги објават. 

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе