Директорот на „Слобода превоз“ по изјавите на Данела Арсовска

Јовановски: Немаме билети за да ги продаваме, градоначалничката зборува смешни работи

Ниту продаваме, ниту сме продавале билети во нашите автобуси и не можеме да продаваме билети, кога и не ги задолжуваме, затоа што кај нас фискалните системи од ЈСП не функционираат. и најостро ја демантираме градоначалничката Данела Арсовска за искажаното на денешната прес-конференција, изјави директорот на „Слобода превоз" Ленин Јовановски.

„Ниту „Слобода превоз', ниту 'Макекспрес', ниту пак приватните превозници поединечно, не продаваат билети. Продажбата на билети, печатењето, набавката или прибирањето финансии се врши исклучиво преку ЈСП Скопје. Ние не можеме да продаваме билети, ниту задолжуваме билети, затоа што кај нас фискалните системи од ЈСП не функционираат. Единствените продавачи на билети се билетарниците на ЈСП и никој друг не може да продава карти, а уште помалку ние“, изјави Јовановски за Плусинфо.

Тој вели дека е смешно тоа што го кажува Арсовска дека приватниците ги продавале билетите и парите им ги давале на здруженијата, а тие не им ги давале на сопствениците на автобусите. Тој вели дека секој сопственик на автобус има регистрирано фирма и доколку продавал билети, а Јовановски гарантира дека тоа не се случило, тие пари треба да ги уплати на сметката на фирмата како дневен промет, како што функционира секоја приватна фирма во Македонија.

„Секој што го познава системот, а и граѓаните може тоа да го потврдат, билети не се продаваат во приватните автобуси, особено од периодот кој го посочува Арсовска, поточно од 2017 година. Најверојатно градоначалничката не е информирана добро од луѓето кои се околу неа, бидејќи кога приватните превозници влегоа во системот, единствено во автобусите, како нашите, така и на ЈСП Скопје можеше да се возите со електронски билет или да си купите возење со мобилен телефон, а картичките 'Скопска' се продаваа во билетарниците на ЈСП Скопје“, додаде Јовановски.

Денеска градоначалничката Арсовска изнесе остри обвинувања на сметка на двете здруженија обвинувајќи ги дека во изминатите пет години продавале билети, парите не ги пријавувале, а со тоа го оштетиле и буџетот на државата непријавувајќи данок.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе