ЈО: Се запленува имот во предметот „Империја“, удели во Дивелоп и Ексико, удели на Бест веј...

Во рамките на истражната постапка во предметот „Империја“ надлежниот обвинител вчера и денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави шест барања за определување на привремена мерка забрана за оттуѓување и располагање со недвижен имот.

Јавното обвинителство соопшти оти има сомневања дека имотот потекнува од кривично дело и дека до крајот на кривичната постапка ќе биде особено отежнато или оневозможено неговото одземање.

„Дотолку повеќе што од прибраниот доказен материјал произлегува дека предложениот имот е имот што е пренесен на трети лица за да се прикрие неговиот вистински сопственик.

Така, на предлог на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција е определена мерка забрана за оттуѓување и располагање со:
– удел на правното лице друштво за производство, трговија и услуги Дивелот груп ДОО Скопје што го поседува во Хотел гранд М ДООЕЛ Скопје;
– удел на физичко лице од 67,5% што го поседува во правното лице друштво за производство, трговија и услуги Дивелоп груп ДОО Скопје;
– удел – основачки влог од 32,5% што го поседува правното лице – друштвото за градежништво, трговија и услуги Бест веј инвестмент ДООЕЛ Скопје во Дивелоп груп;
– недвижен имот евидентиран на правното лице друштво за трговија и услуги Бизнис проперти инвестмент ДООЕЛ Скопје во вредност од 58.282.500,00 денари согласно книговодствената вредност и тоа апартмани со вкупна површина од 720 м2 и гаражи со вкупна површина од 92 м2;
– хартии од вредност (7.213 акции) што правното лице друштво за производство, трговија и услуги Ексико ДООЕЛ Скопје, ги поседува во Стопанска Банка А.Д. Битола по номинална вредност од 3.000,00 денари по акција или во вкупна вредност од 21.639.000,00 денари и
– недвижниот имот – деловен простор во градба лоциран на плоштад Македонија и евидентиран во лист за предбележување издаден на носителот на правото на сопственост друштво за производство, трговија и услуги СИС инвест груп ДООЕЛ Скопје во површина од 566,41 м2 во вредност од 1.699.241 евра.
Судијата на претходна постапка ги прифати барањата и со решение определи привремени мерки со кои се забранува располагање, заложување и оттуѓување на имотот по каков било правен основ. Привремените мерки согласно закон може да траат најдолго до завршување на кривичната постапка пред првостепениот суд или да бидат укинати по службена должност.
Привремените мерки стапија во сила веднаш и заплената на имотот е прибележана во Централниот регистар на РС Македонија и Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности Скопје.
Запленувањето не е конечно“, соопшти Јавното обвинителство.

 

 

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе