Конференција на ТИ

Јанева: Две години водиме предистражна постапка за „Скопје 2014“, многу документи намерно се криеле

Не можеме да отвориме истрага за проектот „Скопје 2014" сѐ додека не се утврди каде завршиле буџетските пари, дали незаконски се одлеале кај физички или правни лица, дали се одлеале во Македонија или надвор од земјата..., изјави денеска Катица Јанева, обвинителката од Специјалното јавно обвинителство на конференцијата „Заробена држава - илустрирана преку случајот - изградба на проектот 'Скопје 2014'" во организација на Транспаренси интернешнл.

„Предистражна постапка за „Скопје 2014“ водиме веќе две години, работиме на анализа на докази и материјали што се собираат на законит начин. Тогаш кога СЈО ќе процени дека има основано сомневање за сторени кривични дела од физички или правни лица, ќе ја отвориме истрагата“, рече Јанева и додаде дека индиции за овој предмет имало во телефонски разговори и од начинот на кој се градел.

„Најголем проблем имаме во општина Центар која документите за јавни набаавки за разни објекти и споменици од „Скопје 2014“ не ги селектирала и тоа ни прави голем проблем. Голем број од нив се предадени во Архивот на РМ, па се вратени во општина Центар, па не се знае каде се наоѓаат. Во последен период најдовме огромен број материјали кои биле складирани во Архивот на РМ непопишани. Сега ги зедовме во наша сопственост и во моментов ги анализираме“, рече специјалната обвинителка и додаде дека одлуките за овој проект биле носени на највисоко ниво, во Владата и тоа најчесто под точка разно.

„Многу грижливо внимавале структурите на власта како да не дојде до транспарентно информирање на граѓаните што навистина се гради. Се работи за организирана операција која знаела која е целта - да се изградат огромен број објекти и споменици за кои немало план и програма, туку се граделе според политичка програма на една политичка партија“, рече Јанева.

На конференцијата Јанева рече дека за СЈО биле корисни извештаите на Државниот завод за ревизија, но тие „биле маргинализирани“.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе