По инцидентот во истражниот затвор во Шутка

Јанакиески нема телесни повреди, велат од болницата „8 Септември“

Од градската општа болница „8 Септември“ попладнево потврдија дека кај нив бил примен поранешниот министер Миле Јанакиески, кој учествувал во инцидент во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, но не му биле констатирани телесни повреди.

„Во ГОБ „8 Септември“ Скопје е примено лицето М.Ј. кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди“, се вели во соопштението од болницата.

Од болницата апелираат да се следат официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации. Во дел од медиумите беше објавено дека на Јанакиескиму била скршена раката.  

Во болницата дојде и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се обиде да го посети Јанакиески. Тоа не му беше дозволено, обезбедувањето му побара одобрение од судот бидејќи на Јанакиески му е изречен 30 дневен притвор.

„Да не ја правиме голема“, му рече Мицкоски на обезбедувањето. По кратката расправија во болничките ходници, Мицкоски, заедно со Владо Мисајловски, Игор Јанушев и Јохан Трчуловски заминаа од болницата.

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на кои вчера им беше одреден 30-дневен притвор поради настаните за 27-ми април, денеска беа истепани во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, по што беа хоспитализирани.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе