Шанса за Центар

Јана Белчева демантира дека го прекршила мораториумот во своја корист, тогаш не ни имала мандат

ДУП-от за парцелата е донесен во 2013, кога Јана Белчева Андреевска немаше мандат во Советот, соопшти Шанса за Центар по повод обвинувањата дека бил прекршен мораториумот во Центар поради лични интереси.

„Јана Белчева Андреевска нема апсолутно ништо со посочената парцела, која спаѓа во ДУП донесен во 2013, а во време кога немала мандат во Советот. Овој план не спаѓа во плановите кои биле под мораториум донесен по основ за неусогласеност со ГУП 2012, и по направена анализа од стручна комисија на општината. 

Посочената парцела никогаш не била во нејзина лична сопственост, ниту во нејзиниот мандат претрпела било какви промени на параметрите за градба. Од пред пандемијата парцелата е во сопственост на трети лица. 

Обвинувањата на дел од жителите на Ново Маало насочени кон Јана Белчева Андреевска ги сметамe за крајно тенденциозни, лажни и поттикнати од други субјекти, кои манипулираат и со системот и со засегнатите жители на Ново Маало.

Шанса за Центар повторува уште еднаш дека ставовите на Јана Белчева Андреевска се ставови на сите нас, а дека индивидуализирањето на нападите е крајно недолично, се вели во соопштението.

Жители на Ново Маало најавуваат тужби доколку, како што велат, продолжат обидите за блокирање на реализација на комплексот „Гранд“. Тие велат дека се револтирани од реакциите на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и обидот да се суспендира комплексот на паркингот спроти „Холидеј ин“, кој почна да се гради на 22 ноември оваа година.

Активистите од „Шанса за Центар“ за утре најавија протест пред Јавното обвинителство со цел да ја спречат изградбата на висококатниците спроти „Холидеј ин“. Тие бараат запирање на градежните активности поради сомнеж за корупција и злоупотреби на службената должност, а Јавното обвинителство најитно да се произнесе по иницијативата од Државната комисија за спречување на корупцијата. Воедно, Владата да одвои средства од централниот буџет доколку Општина Центар нема доволно за новомаалци да добијат решение и излез од нехуманите услови во кои живеат, а Советот на Општина Центар најитно да го изгласа елаборатот за суспензија за натамошно спроведување на овој ДУП. Исто така бараат и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам најитно да спроведе надзор врз основа на претставката поднесена од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, а за локацијата да се распише меѓународен конкурс со кој ќе се гарантира зелено и хумано решение.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе