Јајоска рече дека мостот е проект на минатата локална власт од СДСМ и дека е од исклучително значење за намалување на сообраќајот, за олеснување на комуникацијата на граѓаните во овој дел од градот. Таа додаде дека беше направен технички прием, но мостот никако да се стави во употреба.
„Дали причината е тоа што мостот е проект на претходниот градоначалник? Или можеби фактот што Арсовска најави дека ќе ги прекине проектот па по притисок на јавноста сепак го продолжи? Како и да е тоа граѓаните не ги интересира и не заслужуваат ваков арогантен, недоговорен однос од страна на Данела Арсовска“, рече Јајоска.
Таа додаде дека Арсовска треба да ја надмине својата суета бидејќи се работи за голем и значаен проект за граѓаните.