Инспекциски надзор

Изречени казни за превозниците „Менсур турс” и „Ганиќ ексклузив”

Град Скопје информира дека Инспекторатот денеска изрече две казни за фирмите „Менсур турс" и „Ганиќ ексклузив" од Скопје, а во соопштението не е наведено кои се прилините за казнувањето. Од Градот велат дека продолжуваат вонредните надзори на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници на територија на Скопје. 

Во соопштението е наведено дека целта е доследно почитување и спроведување на законските прописи за вршење на оваа дејност.

„Ги повикуваме фирмите превозници на патници да се придржуваат до законите во нивното секојдневно работење, со цел овозможување квалитетен и безбеден превоз за граѓаните“, се вели во соопштението.

Вчера од Град Скопје беше соопштено дека по инспекциски надзор изречена е казна за фирмата „Ројал травел ДООЕЛ" и дека според информациите кои беа пласирани во медиумите деновиве, „станува збор за лица и возила поврзани со 'Беса транс', на која фирма ѝ беа одземени лиценцата за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници од страна на Министерството за транспорт и врски.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе