Скопје

Изминатиов викенд повредени 20 лица во вкупно 31 сообраќајка

Три лица се потешко повредени, додека 17 полесно во сообраќајки што се случиле изминатиот викенд во Скопје. 

Двајца возачи и сопатник се тешко повредени, а со телесни повреди се здобиле 17 лица, во 17 од вкупно 31 сообраќајка што се регистрирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 16 лица под дејство на алкохол и шест пред да се стекнат со право на управување моторни возила. Исклучени се и шест нерегистрирани возила.

Казнети се и девет пешаци за поминување коловоз надвор од пешачки премин и еден за поминување на црвено светло.

Поради непрописно паркирање „пајакот" кренал 103 возила.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе