Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Водици

Поради манифестациите за верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром и населбата Хром.

Како што информираат од МВР, во периодот од 10:00 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори Македонски" до булеварот „Гоце Делчев" и кеј „13 Ноември" до булеварот „Кочо Рацин".

Во Општината Ѓорче Петров од 10:00 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле", десно по булеварот „Партизански одреди", десно по улицата „Ѓорче Петров", лево по улицата „Васил Чакаларов", како и од црквата „Свети Пантелејмон" по улицата „Демир Трајко" и лево по улицата „Васил Чакаларов" до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во Општина Аеродром од 10:00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе