Поради снимање на филмот „Мими“

Изменет сообраќаен режим во Скопје од петок до понеделник

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во петок, сабота, недела и понеделник, поради снимање на филм, ќе има времен прекин на сообраќајот на дел од сообраќајниците во централното градско подрачје. На локациите кои ќе бидат времено затворени ќе се снима долгометражен филм во режија на Даријан Пејовски.

Во петок во времето од 11.00 до 14.00 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на улицата „Даме Груев", а во периодот од 14.00 до 18.00 часот пак, на улицата Димитрие Чуповски, кај автобуската постојка спроти театарот за деца и млади. Помеѓу 14.00 и 17.00 часот времен прекин на сообраќајот ќе има на на булеварот „ВМРО", на автобуската постојка пред главната Пошта.

Во сабота во времето од 14.00 до 17.00 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на булеварот „ВМРО" на истата локација, а во времето од 20.00 до 23.00 часот на булеварот„Партизански одреди", кај првата автобуска постојка од страната на хотел „Дувет" до пред улицата „Аминта Трети".

Во доцните попладневни и ноќни часови во недела кон понеделник, во времето од 17.00 до 01.00 часот на сообраќајот ќе биде во прекин на улицата „Св. Кирил и Методиј" од паркингот и автобуската постојка пред влезот на ТЦ „Рамстор" до НЛБ Банка.

Од тие причини, се вели во соопштението на МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Инаку, филмскиот проект "Мими", кој доби финансиска поддршка од "Агенција за Филм на Република Северна Македонија", како проект од Национален интерес, ќе се снима согласно утврдените протоколи за филм и заштита на јавното здравје од Владата на Северна Македонија.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе