Кој ги штити муштериите?

Измама во Нефа мебел, голем број граѓани останаа без платените производи

Платив за тросед во салонот на „Нефа“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Доплатив 1.500 денари за превоз. Чекав 15 дена и ништо. Во салонот во ГТЦ ми рекоа да одам во салонот во Сити мол. Таму продавачот, откако случајно се собравме повеќе незадоволни муштерии, отворено ни рече дека фирмата банкротирала и да си избереме какво сакаме парче мебел, некој вид обесштетување, ни изјави еден од многуте измамени муштерии од оваа компанија и во Македонија и во Србија.

„Нефа мебел“ е српско-руска фирма што пред неколку дена ги затвори сите продавници во Македонија и Србија. Произведувач на мебелот што се продаваше во овие салони е руската компанија „Спилит“.

Во Македонија „Нефа мебел“ имаше десетина продавници во Скопје, Гостивар, Струмица, Велес, Прилеп, Битола и Тетово.

Максим Максимов, директорот на „Нефа мебел“ во Србија, минатата недела ги информирал своите менаџери дека мора итно да замине во Русија заради технички преглед на автомобилот, пишуваат српските медиуми.

Во Србија вработените лица го разграбале останатиот мебел и на тој начин барем делумно си ги надоместиле неисплатените плати. Главниот магацин бил запленет од сопственикот на изнајмениот простор бидејќи Русите не му платиле закуп.

Српските медиуми пишуваат дека станува збор за класична приказна за сомнителен странски инвеститор, кој производите ги рекламирал како најевтини, а потоа преку ноќ избегал од Србија.

Сега незадоволните муштерии во Србија со сила провалуваат по магацините на „Нефа мебел“ и се обидуваат барем некако да си ги наплатат парите за неиспорачаниот мебел.

Според податоците на централниот регистар во Србија, 49 % од „Спилит“ се во сопственост на белградската компанија „Холодекс“, 51% се во сопственост на рускиот партнер ООО „Корољ Диванов“, а „Холодекс“ е сопственик на „Нефа мебел“.

Зад двете фирми е рускиот бизнисмен Андреј Ходашевич, сопственик на две големи фабрики за мебел во Русија - „Много мебели“ и „Корол Диванов“.

A.Д.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе