На самото место не само што постоеле извесни запаливи материјали во магацините, има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати и истата е огромна опасност и ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните. Дури и да е само една личност чијшто живот е загрозен, треба да се превенира, изјави Арсовска.
Арсовска истакна дека денеска во градот се одржал и состанок на кризниот штаб на Скопје на која се разговарало за креирање стратегија која ќе превенира идни катастрофи. Таа ги повика и надлежните институции да преземат се што е во нивна надлежност, но и централните власти во заедничко делување заедно со градот.
- Треба да се отпочне со контроли за да се знае точно каде има вакви складишта и цистерни и што е она што може потенцијално да го загрози животот на скопјани. Верувам дека треба да се постапи што е можно побрзо со цел превенирање на идни вакви катастрофи. Нашите пожарникари успеаја за брзо време да го локализираат пожарот, дознаа дека има цистерна со нафтени деривати кога интервенираа, затоа прво делуваа да го прекинат пожарот токму од таа страна каде се наоѓа цистерната, додаде Арсовска.