Општина Центар

Инспекторите на Шехтански денеска ќе го проверуваат работењето на Жерновски

Денеска попладне инспектори на Државниот инспекторат за локална самоуправа (ДИЛС) ќе спроведат вонредна инспекција во скопската општина Центар. Инспекторите ќе ги проверуваат работата и начинот на кој се носат одлуки во општината, каде градоначалник е Андреј Жерновски.

Инспекторатот одлучил да ја провери работата на општината Центар откако неколку предлог-одлуки на градоначалникот и на Советот на општината предизвикаа масовни протести.

Вчера советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општината, поднесе претставка до Државниот инспекторат поради нарушување на процедурата од страна на претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ.

Здружението „Веритас“, организаторот на протестите пред општината Центар против обидот црквата Свети Константин и Елена да се прогласи за дивоградба, вчера имаа средба со директорот на ДИЛС Ванчо Шехтански.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе