Инспекторатот на Град Скопје најавува големи акции за отпад и во дворови, може да се пријавува и анонимно

Инспекторите секојдневно се на критичните точки во Скопје за загадување на воздухот. Веќе се казнети седум лица од општина Сарај, а Инспекторатот најавува поголеми акции во дворовите.

„Поголеми акции имаме во однос на дворовите. Има граѓани кои секаков вид отпад складираат во своите дворови за во зимскиот период тој да биде искористен како огревен материјал“, рече главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски, на денешната обука на инспекторите за инспекциски надзор во рамките на проектот за Платформа за почист воздух во градот Скопје, во организација на Зелен институт, кој треба да им обезбеди на граѓаните контакти каде да пријават палење отпад.

Тој појасни дека онаму каде инспекторите ќе забележат таков опад влегуваат, се чисти дворот, а фактурата за чистење се доставува до сопственикот на објектот.

Според Бодановски, се влегува во секоја куќа, а информира дека граѓаните може да пријават ваков отпад анонимно. Инаку, седумте лица се казнети во општина Сарај поради палење земјоделски површини, а дека казната според Законот за управување отпад е до 1.000 евра. Најголем број поплаки имало од општините Ѓорче Петров и Сарај, каде што се палат земјоделски површини.

„Во Инспекторатот на Град Скопје има осум комунални инспектори, четири за животна средина и 16 комунални редари. Формирани се екипи од по еден комунален инспектор, за животна средина и комунален редар, кои се задолжени да вршат контрола во однос на палењата, а инспекторите секојдневно се во делот каде што има црни точки“, изјави тој.

Во однос на индустрискиот отпад, кој во неделата беше забележан во реката Вардар, Богдановски рече дека од страна на Инспекторатот на Градот Скопје работата е завршена, а за санкционирање е надлежен Државниот инспекторат за животна средина.

„Инспекторите на Град Скопје, веднаш по случување на настанот во неделата излегоа на терен. Во рок од осум минути беше повикана акредитирана лабораторија, односно лабораторијата на Водовод и канализација. Зедовме примероци од седум точки по течението на реката Вардар, почнувајќи од Аеродром до Јурумлери. Од страна на Град Скопје е завршена целата процедура. Записникот заедно со извештаите е предаден на Државниот инспекторат за животна средина, за понатамошно испитување“, вели Богдановски, додавајќи дека се работи за индустриски отпад од „Арчерол Митал“ каде што биле доставени и сите извештаи.

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе