Иновативна еко-зона во центарот на Скопје

Во центарот на Скопје, на 8-ма Ударна Бригада 2 (помеѓу Шведска амбасада и Маркт во Центар), денеска ќе биде отворена иновативна еко-зона во присуство на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер и  директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион и претставници од граѓанската организација Гоу Грин.

„Овие иновативни еко-зони се наоѓаат на територија на три скопски општини, на кои се поставени смарт клупи кои имаат сензори за квалитет на воздух, се напојуваат од сончева енергија и имаат бесплатен ви-фи интернет. Зоните се оплеменети со зеленило и заедно со кантите за селекција ќе ја создадат ‘Биди Зелен‘ зоната. Зоните се поставени на стратешки локации и со тоа ќе се едуцираат најмладите за климатските промени, квалитетот на воздух, електричниот транспорт и рециклирањето на секундарни суровини. За промоција и едукација ќе се користи рециклирана садлива хартија кои откако децата ќе прочитаат ќе ја засадат во саксија и ќе научат за циркуларната економија“, соопштија од Министерството за локална самоуправа.

Оваа зелена зона е овозможена преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ од Швајцарската агенција за развој и соработка. 

 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе