Инклузивниот хор на лица со Даунов синдром со концерт во Скопје

Првиот инклузивен градски хор, при Здружението на лица со Даунов синдром „ТРИСОМИЈА 21” денеска во Скопје ќе го одржи својот прв концерт, чија цел е да се покаже дека уметноста и културата можат да бидат алатки за интеграција во општеството, социјализација  и подобрување на животот на лицата со Даунов синдром, како и другите лица со посебни потреби.

„Преку опејување на хитови од македонската народна и забавна музика ќе го разбудиме градот од попладневна дремка, а тоа ќе го направат учесниците Марио, Стефан, Ена, Матеј, Филип, Илини, Оли, Бети, Ники, Даре и Коста под водство на Билјана Димитрова. Дојдете, запејте, исклучете се од реалноста, вклучете се во стварноста на песните”, порачуваат од Здружението на лица со Даунов синдром „ТРИСОМИЈА 21”.

Хорот е создаден во заедничка соработка и менторство на Колектив Ветерница и е подржан од Град Скопје.

Концертот, како што е најавено, ќе започне во 18:30 часот на Плочник – Градски ѕид, потегот околу Соборен храм, зад Клуб на новинари.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе