Инцидент во Ченто, за време на полициски час насобрани граѓани бараа да се ослободат тројца нивни сограѓани (ВИДЕО)

Синоќа во скопската населба Ченто, група граѓани бараа ослободување на тројца нивни сограѓани кои биле приведени од полицијата затоа што не го почитувале полицискиот час.

Полициска патрола синоќа пред полноќ привела три лица кои не го почитувале полицискиот час од 16 до 5 часот наутро, по што група граѓани, исто така прекршувајќи го полицискиот час, излегле од своите домови и барале нивните сограѓани да бидат ослободени.

Неофицијално, приведените се обидувале да ги извадат бариерите на патот што служеле за намалување на брзината на автомобилите.

Пред насобраните граѓани се обратил и градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски кој ветил дека ќе отиде во полициската станица и ќе се врати со приведените.

Дел од учесниците во протестот објавија и видеа по социјалните мрежи.

Толпата се разотиде откако приведените беа ослободени.

Во текот на денот се очекуваат и официјалните информации на МВР за овој инцидент.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе