Новата листа на имиња за улици ја заинтригира јавноста

Повеќе предлози отколку улици во Скопје

Листата од 571 предлог за имиња на улици во главниот град, која од вчера е објавена на интернет страницата на Град Скопје, на дневен ред на Советот на Градот треба да се најде во вторник. Седницата, веќе традиционално, ќе се одржи преку платформата Зум, заради избегнување на ризикот од заразување со коронавирусот. Од листата, потоа кога ќе има конкретна потреба да се врши именување или преименување на улица, повторно ќе се оди на усвојување во Советот. 

Новата листа на имиња, за што МКД.мк информираше вчера, која веќе ја разгори дискусијата не само преку социјалните мрежи, туку и преку медиумите, при што од неа се влечат примери како несоодветни поради разни национални или други историски контроверзи, претставува само дополнување на постоечката листа. А таа листа, која содржи отприлика сличен број на предлози, велат од службата за односи со јавност, не е исцрпена и содржи имиња утврдени и од претходната администрација на Градот.

„Списокот на зададени имиња е всушност поголем од бројот на улици. Се разбира дека не се даваат имиња само на улици, туку и на мостови, плоштади, скверови и други топоними во градот, па не може однапред да се каже дали е преширока листата или не. Не би можеле да кажеме дека има спорни предлози, бидејќи меѓу советниците има луѓе од разни професии, но и познати историчари, кои сигурно би алармирале доколку има такви предлози со кои се омаловажува историското минато на Скопје или на Македонија", велат од Градот.

На забелешките дека на Скопје му се потребни урбани личности за имиња на улици, за разлика од некои имиња кои се најдоа во предлог листата, а величаат личности од минатото, како на пример од Втората призренска лига, за што веќе има негативни реакции во јавноста, од Градот велат дека има многу урбани имиња, како од странство, како на пример Дејвид Боуви, Квин, Френк Запа, Пикасо, потоа Аполо 11 или од македонското општество како Леб и сол, Мизар, Лева патика, Бис Без, Медена земја, Есма Реџепова, на новинарот Никола Младенов и други.

Самата Призренска лига имала доста голема врска со Скопје во минатото, но притоа, се потсетува дека листата е главно базирана на предлози од граѓани понудени преку онлајн анкета што Градот ја спроведе уште пред помалку од две години, која што потоа во еден дел била дополнета со предлози и од институции или организации. На листата, велат, нема анонимуси, туку познати личности или други имиња од светот и од Македонија - револуционери, уметници, книжевници, научници, нобеловци, државници итн.

Градоначалникот Петре Шилегов за МКД.мк вели дека сѐ е според законските постапки, а преименување на улици нема да биде можно во перидот од 6 месеци пред датумот за локалните избори.

Тој реагира за некои од забелешките во јавноста:

„Станува збор и за познати личности и групи од поп-културата. Зошто да не и од странство, зошто да не и од Македонија и од Скопје? Зошто еден Леб и сол или Мизар некому треба да му бидат спорни“? 

Старата, неисцрпена листа на имиња датира уште од 2012 година и е наследена од претходните администрации на Скопје. И на неа има такви предлози кои за некого можат да бидат спорни, велат од Градот.

Како пример се посочува предлогот даден од ВМРО-ДПМНЕ за улица со име „4 декември", односно тоа е дa датумот кога во 1970 година војски на Призренската лига навлегле во Скопје.

Инаку, според вчера објавената листа за нови имиња на улици, предвидено е да се вратат старите имиња на улици, кои беа сменети од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Прва на тој список веројатно ќе биде сегашната „Аминта трети", која ќе си го врати името „Ленинова", ќе се врати и името на „Мексичка“ улица и на други.

Според процедурата, целата предлог листа за нови имиња на улици и други локации во Скопје по усвојувањето пред Советот, оди во Владата, а дури потоа од неа ќе бидат на располагање како можни имиња.

П.Џ.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе