ИАБ Македонија и АмЧам Македонија потпишаа меморандум за соработка

Американската стопанска комора – АмЧам Македонија и асоцијацијата која ги обединува водечките интернет портали, маркетинг агенции и огласувачи, ИАБ Македонија, потпишаа меморандум за соработка во насока на промовирање, развој и континуирана соработка во областа на дигиталното огласување.

Во името на двете асоцијации, меморандумот го потпишаа Дијана Десподов, извршната директорка на АмЧам и Борис Ефтимовски, претседател на ИАБ Македонија - кои се обврзаа дека во рамки на својата примарна дејност и цели, заеднички ќе дејствуваат и меѓусебно ќе соработуваат во интерес на дополнителниот развој на дигиталното огласување на повеќе начини и преку повеќе заеднички проекти.

 

АмЧам Македонија го поздравува процесот на саморегулација преку етичкиот кодекс на ИАБ Македонија и ги повикува своите членки – компании да го подржат процесот преку поинтензивна соработка со издавачите кои го почитуваат кодексот.

ИАБ Македонија ќе соработува со АмЧам и нејзините членки на истражувачки и промотивни проекти во насока на унапредување на дигиталното огласување во Македонија и поддршка на развојот на дигиталните издавачи од земјава.

 

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе