И покрај забраната „Интермецо“ продолжи да работи, Богдановиќ најави кривична пријава

Кафе барот „Интермецо" којшто завчера општина Центар го затвори, вчера вечер ја тргнал пломбата и продолжил со работа, објави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

„По извршените контроли на кафе барот „Интермецо", вчера вечер истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена. Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од Кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до три години. По добивање на записниците, Општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат“, напиша Богдановиќ.

Општина Центар го затвори познатото скопско кафуле „Интермецо" по пријавите од граѓани дека се пушта многу гласна музика.

На кафе барот му беше изречена забрана за работа во следните 30 дена и глоба од 6.000 евра.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе