По 10 години пак во ЗОО Скопје

И другарите на шимпанзото Коко имаат емотивни приказни, биле малтретирани во циркус и грабнати од Африка

Приказната за шимпанзото Коко кој вчера по долги години беше вратен во Зоолошката градина во Скопје допре до многу луѓе. По 10 години поминати на рехабилитација, Коко заедно со уште неколку од неговиот вид се врати назад во Зоолошката градина. Но овој пат во комплетно ново живеалиште и со нови пријатели.

Ако во годините кога живееше овде беше сам и единствен во своето скромно живеалиште, сега тој е во придружба на уште неколку од видот на шимпанза кој денес е во изумирање.

Како што соопшти на денешната прес-конференција, портпаролката на скопската Зоолошка градина, Тина Мицковска неговата другарка Мими била малтретирана во циркус, па сместена во мал кафез, па потоа испратена на рехабилитација, а другите двајца кој заедно со Коко ќе живеат овде во Скопје, биле грабнати од Африка.

"Нашата намера е да го заштитиме овој животински вид кој е во изумирање, а тоа можеме да го направиме само со тоа што ќе ги сместиме овде во Зоолошката градина, во посебни услови кои на нив им се потребни. Апелирам до сите граѓани и посетители кои ќе дојдат во Зоолошката во Скопје да не ги хранат животните на кои сега, повеќе од неопходен им е мир", изјави Мицковска.

Шимпанзото Коко се роди во Зоолошката во Скопје во 1995 година, а во 2009 беше испратен во Холондија бидејќи неговата мајка пцовиса и остана сам.

По ресоцијализацијата и лекувањето од депресија вчера се врати повторно во Скопје и по 10 години се сретна со негователот Дачо кој го чувал уште тогаш.

За време на емотивната средба Коко покажа дека животните паметат и знаат да сакаат кога по 10 години успеа да го препознае својот чувар. 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе