По оставките во „Градски паркинг" и ЈП „Дрисла"

И директорите на ЈСП, „Лајка“ и ЈП „Улици и патишта“ поднесоа оставки, немале координација со Арсовска

Директорите на ЈП „Улици и патишта", Борис Настов, на ЈСП Турс, Филип Василевски и на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје, Воислав Димитровски, денеска дадоа оставки од функциите, поради, како што велат, немањето координација со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Настов во објава на својот фејсбук-профил истакнува дека иако преку спроведните проекти и воспоставените добри практики во работењето на претпријатието многу работи се подобриле, реализацијата на проектите не се одвивала според неговите и очекувањата на граѓаните.

„Затоа, ве известувам дека давам неотповиклива оставка на местото в.д. директор на ЈП Улици и патишта. Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката на Градот Скопје, како основач на Претпријатието, како и немањето на разбирање при реализаиција на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал. Неможноста и покрај сите мои искрени намери и напори да воспоставиме меѓусебно разбирање, соработка и почитување како неопходни фактори за успешна имплеметација на зацртаните проекти и активности на претпријатието, придонесоа кон донесување на оваа моја одлука“, вели Настов.

Директорот на ЈСП Турс посочува дека немале поддршка од Градот, но дека сепак успеале за период од шест месеци неколкукратно да ги зголемат приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедат линеарно зголемување на платите за сите вработени.

„Но тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски. Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам“, вели Василевски.

Директорот на „Лајка" потенцира дека во изминатиот период претпријатието поради тоа што немало финансиски средства за основно функционирање, правело акции за донации со цел да не се прекине воспоставеното темпо на работа за реализација на програмата и спроведување на хуман третман кај животните.

„Во ваква тешка финансиска состојба без реална поддршка од страна на Град Скопје, како ВД директор на ЈП Лајка заедно со тимот од ЈП Лајка и со несебична поддршка од страна на здруженијата и активистите успеавме да го зголемиме капацитетот на третирани кучиња со хуман третман за околу 40%, вдомувањата на кучиња се зголеми за 300%, според податок од МВР на ниво на Град Скопје има намалување на инциденти предизвикани од куче за 20%. Подобрувањето на функционирањето на претпријатието се гледа и во бројот на вдомени кучиња во месец август 2022 година кој изнесува 40 вдомени кучиња во споредба со месец август 2021 година од 0 вдомени кучиња“, вели Димитровски.

Претходните денови оставки дадоа и директорите на „Градски паркинг" – Скопје, Бојан Христовски и ЈП „Дрисла", Јане Мицевски откако беше разрешен в.д. директорот ЈП „Водовод и канализација"-Скопје, Златко Перински.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе